Вечерва, со почеток во 21:00 часот, во рамките на 49-то издание на театарскиот фестивал „ МОТ“, ќе биде изведена претставата “Куќа, дом“ на Кретивниот Центар “Крушче” од Словенија. Претставата ќе биде изведена во приватна куќа во населбата Капиштец во Скопје.

Претставата “КУЌА, ДОМ” е авторска претстава на Катја Легин, актерка, танчерка и основачка на Општественото студио за истражување во уметноста на играта “УЦ Крушче” во Словенија. Таа, заедно со нејзиниот уметнички и животен партнер, театарскиот режисер Томи Јанежич, кој воедно е и советник во проектот, заеднички го водат културниот центар во Крушче посветен на уметничкото истражување, создавање, резиденцијален престој и неформално уметничко образование. За перформансот “КУЌА, ДОМ” која се изведува во специфичен, не – театарски простор (дом), таа вели – “една претстава не е вистинска претстава ако не треба да чистите по изведбата”. Оригиналната претстава се изведува во нивниот дом, каде е сместено и студиото во кое работат. Во неа, авторката истражува повеќе теми – краде од филмот, користи поп и прави сѐ што може за да се случи ТЕАТАР. Жонглира со темите на женственоста и животните сокови, домот, семејството и отсуството.

 

автор:
Катја Легин

Играат:
Катја Легин и гостите

 

Концепт на простор: Бранко Хојник, Томи Јанежич
Сценографија: Бранко Хојник
Костимографија: Марина Сремац
Дизајн на звук: Томаж Гром
Соработник во дел од процесот: Каја Лоренци
Уметнички советник: Томи Јанежич
Продукција: Гејм-арт истражувачко студио
Партнери: Општествено Студио за истражување во уметноста на играта (УЦ Крушче), Бункер, Нагиб Марибор
Извршен продуцент: Петра Хазабент
Фотографија: Маркандреа

времетраење:
80 мин.

 

јазик:
Словенечки
* превод на македонски и англиски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.