На летната сцена „Славиша Кајевски“, вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес.

Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева.

Влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата во МНТ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.