Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 19:19 часот ќе се одржи промоција на последниот објавен книжевен препев на Драги Михајловски – најновото еднотомно издание на книжарница „ТРИ“ од поезијата на Руми, „Големата црвена книга“.

Џелаледин Мевљана Руми е еден од најголемите, најчитаните и најтолкуваните поети во светот. Неговите стихови претставуваат непроценливо светско наследство и досега се препеани од повеќе македонски преведувачи и поети.

Модераторка на настанот е авторката Виолета Танчева-Златева, а за изданието и за преводната работа на Драги Михајловски ќе зборуваат авторките и преведувачки Ана Пејчинова и Ирена Јурчева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.