Како дел од програмата на битолското културно лето „Бит фест 2022“, вечерва со почеток во 21 часот во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи настанот: „Џез вечер со Клод Болинг“, во изведба на труба и џез пијано трио, во состав: Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас, Филип Шурбевски-тапани.

Четворица академски музичари ќе изведуваат музика за труба, пијано, контрабас и тапани од композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е приемлива и интересна за секој слушател. Тут свитата е едно од најзначајните дела во репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби.

Тут свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за изведба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.