Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија ќе се одржи Вечер на слем поезија.

Македонски слем поети и поетеси од различни генерации со своите перформанси ќе бидат дел од вечерта посветена на слем поезијата, којашто ќе се одржи на 22 декември 2023 година во 19:00 часот, во хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

Ќе настапуваат: Миланчо Пендев, победникот на 13-от Национален слем-натпревар, второпласираниот Виктор Спасески, третопласираната Валерија Танчевска, како и Игор Трпчески, Елена Пренџова, Тихомир Јанчовски, Димитар Арнаудов.

На настанот ќе има и музичка поддршка со настап на Методија Костоски, а влезот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.