Членовите на Музичкото студио при НУ Центар за култура Крива Паланка ќе одржат концерт пред кривопаланечката публика на 3 јули (среда), со почеток во 19,30 часот, во салата на националната установа.

Младите музички таленти кои работат под менторство на проф. Лариса Жулина Митовски ќе се претстават со богат репертоар на дела од барок, класика, романтизам, класицизам, филмска и македонска народна музика.

Концертот на младите музички таленти се организира во рамките на Кривопаланечкото културно лето и на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата 2024″.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.