На програмата на Кинотека вечерва е ВАВИЛОН (Babylon) на Дамиен Шазел (Damien Chazelle), веројатно еден од најзборуваните филмови на сезоната. Опишуван како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел (автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД) е приказна за преголема амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротливиот раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

15 МАРТ (СРЕДА), 21:00 часот

ВАВИЛОН

(Babylon)

Игран филм, САД

2022, 189 мин., црно-бел/колор, ДЦП

Режија: Дамиен Шазел (Damien Chazelle)

Сценарио: Дамиен Шазел (Damien Chazelle)

Улоги: Бред Пит, Маргот Роби, Џин Смарт, Диего Калва, Ли Џун Ли (Brad Pitt, Margot Robbie, Jean Smart, Diego Calva, Li Jun Li)

 

Веќе дефиниран како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел – автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД – е приказна за преголемата амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротлив раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

Дејствието на филмот е сместено во Лос Анџелес во 20-те години од минатиот век, во времето кога филмската индустрија е на пресвртната точка од нем кон звучен филм. Бред Пит го игра ликот на Џек Конрад, актер чија кариера е на замирање, и неговиот карактер е втемелен на холивудските легенди од првите децении на 20-тиот век, Џон Гилберт, Клерк Гебл и Даглас Фернбанкс.

Негов опозит е амбициозната актерка Нели ЛаРој (Маргот Роби), идна старлета која е на почетокот на кариерата која многу ветува. Ликот потребен да биде сочинет совршен триаголник е асистентот на режија Мени Торес (Диего Калва, новото актерско откритие на денешниот Холивуд), пред кого е иднината во оваа приказна за „блескавото лудило на златната ера на Холивуд.

ВАВИЛОН на Шазел до сега веќе освои над 140 номинации за награди, освои 31 признание, меѓу кои и три номинации за „Оскар“.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 200 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.