Изминатиот период, во духот на продолжување на соработките со продуцентските куќи, НУФЦ Вардар Филм-Скопје и Дрим Фактори претставувани од директорот Сани Саиди и продуцентот Огнен Антов, взаемно потпишаа меморандум за соработка, каде продукцијата го дава на Вардар Филм на трајно користење фундусот на костими од проектот „Танцот на Звездите“, и со тоа значајно се збогатува и проширува фундусот на установата, соопштуваат од „Вардар филм“.

Оваa соработка овозможува продуцентските куќи да имаат повеќе избор на костими за користење во нивните филмски проекти, притоа без да загубат време и додатни средства за подготовка на нови стислки костими од овој вид, а од друга страна, меморандумот овозоможува соработка и на други полиња и идни филмски проекти со оваа продуцентска куќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.