В петок, на 18-ти февруари во МКЦ Клуб Ресторан доаѓа Никола Радојловиќ од Белград, за прв пат пред скопската публика, да се претстави со неговиот нов комичен материјал наречен „Мала непријатност“.

Овој супер талентиран комичар е член на standup.rs повеќе години и е добро познат на Белградската сцена. Никола е еден од ретките слепи комичари на Балканот, а кога во интервју го прашуваат зошто решил да се занимава со комедија тој вели дека тоа е зашто не сака да биде духовит по секоја цена.

Како засилување, од Охрид, преку Стража, во Скопје доаѓаат четворица стенд-ап комичари кои ќе и се претстават на публиката со BEST OF материјал, внимателно селектиран по многу нивни настапи.

Настанот започнува во 20,30 часот, а билети може да се набават на mktickets.mk и во продажната мрежа на МКТикетс низ републиката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.