Реномираната 38 Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски” започнува во петок.

Во прекрасниот манастирски амбиент од 28 јуни до 6 јули ќе творат 13 уметници од 9 држави.

Учесниците на слободна тема ќе создаваат дела со импресиите од духовноста и природата на инспиративниот манастирски комплекс.Годинава учествуваат: петмина македонски сликари и скулптори и уметници од: Тунис; Мароко; Шпанија; Украина; Словачка; Србија; Бугарија и Северен Кипар.

38 Меѓународна ликовна колонија “Св.Јоаким Осоговски” е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.