В петок, на први ноември, почнува 32. издание на СКОМРАХИ кое ќе се одржува до петти ноември.
Овогодинешната манифестација ги поканува студентите од европските академии и факултети да ја истражат моќта на уметноста во свет обележан со поделба, алчност и експлоатација.
Во 2024 година се враќаме на корените, на Дионис, силата на трансформацијата, колективното единство и славењето. Годинава СКОМРАХИ нѐ повикуваат да пронајдеме ПОИНАКОВ НАЧИН ДА СЕ БИДЕ. Со ѓаволеста насмевка на лицето, Дионис нѐ повикува да се здружиме, прегрнувајќи ги нашите различности, нашите посебности и нашите противречности. Нѐ охрабрува да им се предадеме на лудоста и непристојноста, да излеземе од своите тела, од себеси, да останеме отворени и ранливи за да стасаме до потполна екстаза, за да се спасиме. Придружете се во ДИОНИЗИЈАТА СЕГА за да ги славиме вистинската поврзаност и заедништвото. Ајде, танцувајќи страсно и пеејќи гласно, низ ова свечено заедништво да стасаме до колективното ослободување” велат од СКОМРХИ.
Ова 32 издание на СКОМРАХИ е поддржано од Europe House Skopje, УКИМ и Министерство за култура на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.