Владата го разгледа и го утврди текстот на Предлог – националната стратегија за развој на културата, со Акциски план за периодот 2023-2027 година и донесе одлука да се достави до Собранието на Република Македонија на усвојување.

Предлог – националната стратегија за развој на културата со Акциски план 2023 – 2027 година, според предлагачот, Министерството за култура, е стратегиски документ со којшто се утврдуваат среднорочни цели и приоритети за развој на културата во Република Македонија. И, е основен стратегиски документ за областа култура, како за работа на Министерството за култура така и за други субјекти коишто дејствуваат на полето на културата.

Во документот се констатира доминантен впечаток дека институционалната култура во Република Македонија, во споредба со минатото, е поотворена, поконкурентна и насочена да стане активен и препознатлив учесник во регионалната, европската и во светската култура и во таа насока се утврдени и предлог приоритетите во документот до 2027 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.