Утре започнува првиот Фестивал на книгата на отворено пред СЦ Борис Трајковски (кај картингот) кој ќе трае сè до 12 септември.

“Скопје чита!” е мотото на фестивалот, а посетителите преку посета на фестивалот и набавка на омилената литература ќе уживаат во богатата понуда. На Фестивалот на книгата ќе се претстават 30-тина издавачки куќи со изданија од голем број домашни и странски автори, стручна литература, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Посетителите од утре со почеток во 10:00 часот веќе ќе можат да ги разгледуваат најновите наслови на македонските издавачи, а во попладневните часови ќе уживаат во добра музика за која ќе се погрижат DJ Брус и DJ Џон Антонио, каде околу специјализираното катче за читање се очекува да има убава и опуштена атмосфера.

Во рамките на фестивалот е предвидено да има и кафетерија и катче за храна.

Работно време на фестивалот од 10:00 до 20:30 часот. Билетите ќе може да се набават на билетарите пред влезот и чинат 50 денари.

Учесници на фестивалот: Акадамеска книга, Издавачки центар Три, Паблишер, Сакам книги, Топер, Антолог, Култура, КСЦ-Полица, Светот на Биби, Едука мак, Бата Пресс, Магор, Или или, Бегемот, Темплум, Чудна шума, Сказнувалка, Бункер, Книгоманија,
Логос А, Фуркан, Мартина комерц, АД Вербум, Божилак,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.