Македонскиот филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски со нови термини во Кинотеката. Во рамките на јануарската програма, по барање на публиката, филмот ќе биде прикажан на 18, 20 и 21 јануари, со почеток во 20 часот.

МИМИ

(Mimi)
Игран филм, Македонија / Хрватска / Црна Гора
2002, 100 мин., колор, ДЦП
Режијa: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Сценарио: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Улоги: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ (Natalija Teodosieva, Tamara Ristoska, Oliver Mitkovski, Petar Mirchevski, Sashko Kocev, Vladimir Pterovikj)
МИМИ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.
Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, Херцег Нови.

Влезница: 100 ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.