Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ги соопшти добитниците за 2023 година, за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната  дејност од јавен интерес на Република Македонија

Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември 2023 година во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија, соопшти Одборото за доделување на наградата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.