Вселена.Човек.Интелигенција. е интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот. Од 03.04. се прикажува во Скопје и до сега истата ја посетија над 1.200 ученици од основните и средните училишта од целата земја. Покрај организирани посети, изложбата ја посетија и поединци заинтересирани за темите вселена, историја на човештвото,  мозок, антропоцен и вештачка нтелигенција.

 

Во рамки на изложбата беше спроведен и натпреварот “СТЕМ во мојот живот”.  Победничкиот тим доби стипендии од Педагошката служба за размена (PAD)  за  4-неделен престој во Германија.

 

На работилниците за Кариерна ориентација која се нуди во соработка со Асоцијацијата на кариерни советници од Македонија, учествуваа околу 245 наставници, а работилници за кариерно советување на ученици ќе се одржат на 25. и 27. април.

Во соработка со Германска академска служба за размена (DAAD) се нуди советување за студирање во Германија. Следното советување е планирано денес, 25. Април во 17 часот во Културно Информативен Центар во Скопје.

 

Изложбата ги претставува сегашните и идните истражувачки проекти од Германија и поставува значајни прашања кои се однесуваат на нас како жители на Земјата и на кои ние се обидуваме да одговориме: Од каде доаѓаме? Каде одиме? Што не прави да бидеме луѓе?  а ќе може да се посети до 28.04.2023 во изложбениот простор на Културно-информативниот центар во Скопје. Влезот е бесплатен.

 

Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.