Во рамките на овогодинешниот фестивал МОТ, на 10 ноеври во Денсинг салта во МКЦ, со почеток од 20:00 часот, ќе може да го погледенете танцово-музичкиот перформанс У.Ф.О. – Омаж за Каталин Ладик во изведба на германската танцова и вокална уметница Јуле Флирл и словенечката кореографка и вокалистка Ирена З. Томажин.
Унгарско-српската поетеса и изведувачка Каталин Ладик се смета за „Јоко Оно на Балканот“ и пионерка на звучната и изведбената уметност во Југоисточна Европа: со „SoundBodyPoetry“ од нејзиниот радикален боди арт перформанс „UFO Party“ од 1969 година, ја разбранува тогашната уметничка сцена и воспоставува методи на експериментален пристап кон гласот и танцовиот перформанс веќе во седумдесеттите години на 20 век. Во нивната прва соработка, германската танцова и вокална уметница Јуле Флирл и словенечката кореографка и вокалистка Ирена З. Томажин го слават заедничкиот интерес за уметничката позиција на Каталин Ладик: омаж што ги замаглува границите помеѓу поезијата, актерството и експерименталната работа со гласот, истовремено продолжувајќи го истражувањето на двете уметници во областа на физичкото искуство на јазикот и артикулацијата на различни слоеви на гласот.
Концепт, кореографија, изведба: Ирена З. Томажин, Јуле Флирл
Дизајн на светло: Гречен Блеген
Дизајн на звук: Nicola Ratti
Костимограф: Жан Пол Леспањар
Историчарка на уметност, драматургија: Ката Краснахоркаи
Асистент: Шерон Ногалес Меркадо
Продукција: Александра Веленсик, Завод Сплох / Шпела Трошт
Фотографија: Леон Дор
Трејлер: Сплох
Ко-продукција: Sophiensaele (Берлин), Zavod Sploh (Љубљана), Charleroi Danse Centre chorégraphique de Wallonie-Bruxelles (Брисел), PACT Zollverein (Есен) со поддршка од Hauptstadtkulturfonds Berlin.
Времетраењето на изведбата е 60 минути. Наменета е за публика над 16 години. Поголемиот дел од изведбата е на англиски јазик. Но, може да се проследи и без познавање на англискиот јазик. На почетокот на изведбата осветлувањето е многу темно, а потоа полека станува посветло. Има рефлексии на светлина. Различни звуци доаѓаат од различни правци. Во салата има седишта за публиката.
Ирена З. Томажин е танчерка, експериментална пејачка и филозофка која работи во полето на театарот и музиката. Нејзината работа е предмет на анализа во делото на Бојана Кунст со наслов „The voice of the dancer“ и во делото на Софи Хер со наслов „Geste de la voix et théâtre du corps“. Исто така, повеќе нејзините текстови за филозофијата на гласот се објавени во различни уметнички публикации. Томажин има три албуми: „Crying Games“, „Taste of Silence“ и „Lump in the throat“. Нејзината работа е доследно истражување на нејазичниот глас како медиум во танцовиот перформанс. Меѓу другите, таа има работено со Јанез Јанша, Тино Шегал, Мала Клајн, Кристијан Кестен и Џозефин Еврад. Ирена предава на серијата работилници „ The world is Sound “ во Берлин.
Јуле Флирл е танцова и вокална уметница која развива практики за гласот, пренесувајќи го танцот во аудитивната област. Нејзината практика се создава помеѓу експерименталната кореографија и методите на соматско пеење, во кои таа развива дела за да ја разбранува врската помеѓу гледањето и слушањето. Таа го оживува и продолжува наследството на Валеска Герт, авангардна танцова уметница од Берлин во 1920-тите години, која прва го концептуализира терминот TonTanz – да се танцува со својот глас. Флирл го води поткастот „FROM BREATH TO MATTER“ во Берлин. Има работено заедно со Брајан Кембел, Мартин Нахбар, Ибрахим Кариши, Тино Шегал и Мег Стјуарт, меѓу другите.
Овaa претстава на МОТ фестивалот е дел од проектот (Не)Врзани Движења, а е курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски а продуцирана од Емилија Чочкова. (Не)Врзани Движења е поддржан од програмата Креативна Европа/Европска соработка Западен Балкан.
Проектот (Не)Врзани Движења/ (Non)Aligned Movements е развиен во партнерство помеѓу СТАНИЦА Сервис за современ танц, Белград; Номад танцова академија Словенија, Љубљана; Номад танцова академија Хрватска; Танцфабрик Берлин и ЛОКОМОТИВА Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.