огичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година, беше одржан во саботата во градот Долгопрудни во Московската област, организиран од Олга Панкина во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!” што го реализира од 2014 година.
Панкина објави дека на настанот го претставила богатото творештво на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, расказите „Сабја”, „Кукла”, „Вишнов ликер” и други.
Во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез”.
Олга Панкина го презентира и мартовскиот број за 2023 година на реномираното руско списание „Иностранаја литература” чие мото е изреката „Запознај ги утрешните класици!” каде се објавени песни на Влада Урошевиќ во нејзин препев. Панкина напиша и кратка белешка за него како поет, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на поетскиот израз на овој голем македонски автор.
Таа најави дека во соработка со издавачката куќа Центар за книга „Рудомино“ подготвува за публикациjа нова збирка одбрани стихови на Влада Урошевиќ која наскоро ке биде објавена. Во книгата влезени се 200 песни создадени во текот на неговото шеесетгодишно книжевно творештво. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија.
Поетски рецитал со песни од Влада Урошевиќ на македонски и на руски јазик имаа артисти од театарот „Город“ од Долгопрудни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.