Секоја година имаме нови уметници и нови проекти кои сакаме да ги имплементираме, рече на денешниот брифинг министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таков е конкурсот „Цртај на македонски јазик“ кој го објавуваме две години по ред и добиваме страшно добри проекти од млади уметници. Морам да кажам дека на моменти тие се повидливи проекти од било кој друг. Минатата година беше нацртан графит во училиштето „Коле Неделковски“ со искази од Блаже Конески, исто така ваков проект имаше и во Крушево, а оваа година во основно училиште во Битола беше реализиран графит за народниот херој Елпида Караманди, беше испишана песната за неа на училишниот ѕид, исто така беше реализиран проект и во Демир Хисар… проектот некако се рашири низ цела држава. Претходно беа изработувани стикери за на „Инстаграм“ на македонски литературен јазик, потоа на сленг, оваа година се изработуваа и апликации и сето ова ни покажа дека на младите само им треба поттик и да им дадеме шанса, објасни министерката.

Во оваа насока таа го спомена и проектот „Култура во лето“ во кој биле реализирани одлични претстави и изложби во Тетово, Демир Хисар, Битола, Делчево, Скопје…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.