В недела, на 8 септември во Струмица ќе започне 32. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Посебна чест за струмичкиот театар ќе биде отворањето на Фестивалот со нашата претстава „Црна дупка“ по текст на Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Претстава која во месец јуни, оваа година, на 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, беше наградена со наградата за најдобра претстава. Наградени беа и актерот Васил Михаил за најдобра машка улога и актерката Анкица Бенинова за женска епизодна улога, соопштија од Театарот „Антон Панов“ од Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.