В петок, на 25 ноември во 12 часот во Амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе се организира јазична трибина „Јазикот културно богатство на цивилизациите“ што се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2022“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, а со подршка од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

На трибината со свои презентации ќе настапат учениците од средните училишта на град Скопје под менторство на м-р Филип Белчев од Институтот за македонски јазик.

Сите учесници на трибината ќе имаат можност да ја посетат спомен собата на Крсте Мисирков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.