Вечерва (2.07.2024) на програмата на „Скопско лето“ ќе се одржат три настана.

Со почеток во 19:00 часот во Театарот за деца и младинци, ќе се одигра детската претстава „ХАЈДИ“, работена според романот од писателката Јохана Шпири.

Режија: ДРАГАНА ГУНИН

Драматизација: ДРАГАНА ЛУКАН НИКОЛОСКИ

Играат: АНГЕЛА ДИМИТРОВА, ПЕТАР СТОЈАНОВ, НАТАША ПЕТРОВИЌ, ВЛАДИМИР ЛАЗОВСКИ, АНА ЛЕВАЈКОВИЌ БОШКОВ, ИЗАБЕЛА НОВОТНИ

Музика: АДИ ИМЕРИ

Костимографија: ЕЛЕНА ВАНГЕЛОВСКА

Сценографија: КИРИЛ ВАСИЛЕВ,

Дизајн на плакат и брошура: АНДРЕЈ ПАВЛОВ,

Фотографија и видео материјал: ЕМИЛ ПЕТРО

Инспициент: ИРЕНА ГЛИГОРОСКА,

Светло мајстор: ОЛИВЕР СТАВРЕВ

Тон мајстор: АНГЕЛE НАСКОВСКИ,

Изработка на костими: РАДЕ ВАСИЛЕВ

Шминка: ИГОР ПЕТРЕСКИ,

Гардеробер: ИРЕНА ЈОВЧЕВСКА,

Декоратери: ЈОВИЦА ВИДЕСКИ И БУЈАМИН СЕЛИМИ

Претставата е наменета за возраст од 6+ години.

Со почеток во 20:30 часот, на Ѕвездено небо пред Националната опера и балет ќе се одржи концерт на ХОРСКИ СОЛИСТИ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ.

Учествуваат:

Денис Димовски

Билјана Бајевска

Катерина Весковска

Марија Наумовска

Виктор Битовски

Никола Чедомировски

Мила Николовска

Надежда Рубен

Пијано придружба: Елена Сиљаноска

*Доколку временските услови се проследени со врнежи од дожд, невреме и слично, концертот ќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет. Влезот е слободен.

Со почеток во 20:30 часот во Младинскиот културен центар, ќе се отвори фото изложба на Бобан Китановски насловена „30 моменти македонска убавина“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.