Во месец февруари Центарот за култура Кичево планира организирање на три културни настани, со што ќе ја збогати културната понуда во градот започната во јануари. И покрај проблемите со затоплувањето на објектот, менаџментот во Центарот за култура вложува напори за да можат овие културни настани да се одржат во што понормални услови и во затоплени сали и галерии.

-Културните случувања во февруари ќе започнат со премиерното прикажување на филмот „Ладен ноември“, чија проекција се планира за 17 февруари во големата сала од Центарот за култура со почеток во 19 часот, вели Маја Николоска Сиљаноска од домот на културата и ја најави првата  изложба во накраткиот месец од годината..

Ден потоа ќе биде отворена изложбата „Културно историски споменици,цркви и манастири од Порече“ на тандемот Цуте Крајчески и Дончо Наумоски. Изложбата ќе биде организирана во ликовната галерија, а ќе биде отворена во 18:30 часот.

Третиот културен настан, Центарот за култура ќе го организира на 21 февруари со одбележување на Светскиот ден на мајчиниот јазик. Овој настан ќе се одржи во малата сала од Центарот за култура со почеток во 18 часот.

Николоска Сиљаноска најави дека наскоро ќе биде презентирана и на годишната програма, која ќе биде финансиски подржана од Министерството за култура. Посочи дека ќе бидат подржани и други проекти кои традиционално ги организира Центарот за култура во Кичево и за кои  во годинашната програма се планирани повеќе средства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.