На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023.

Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот.

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

На концертот ќе настапат нашите оперски уметници:  Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор),  Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и  Александар Стефаноски (бас).

Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Билетите се веќе пуштени во продажба на нашата билетарница и онлајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.