Тихомир Топузовски е назначен за в.д. директор на Музејот на современа уметност. Оваа одлука на Министерството за култура доаѓа откако Мира Гаќина по 6 години се повлече од директорското место во МСУ, како што кажа, од лични причини.
Топузовски е вработен во МСУ и беше ангажиран во секторот за интердисциплинарни програми и во редакцијата на списанието за визуелна уметност „ Големото стакло“. Тој докторирал на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје и на Академијата за ликовни уметности во Скопје, каде има одбрането и магистерски труд. Реализирал постдокторски истражувачки престој на Универзитетот Содерторн во Стокхолм, Шведска. Неговите истражувачки интереси се фокусираат на пресекот помеѓу филозофијата, политиката и визуелните уметности. Добитник е на повеќе награди, стипендии и истражувачки грантови. Последните публикации на Тихомир Топузовски вклучуваат едитирана книга со Сол Њумен, ‘The Posthuman Pandemic’ (2021) , публикувана од Bloomsbury Academic, текстот „Aesthetics technique and spatial occupation in hybrid political regimes“ (2021), објавен во списанието Baltic Worlds, Vol. XIV:3, pp 57-63, како и поглавје во книга со Лорен Андрес ‘Political protest, temporary urbanism and the deactivation of urban spaces’ (2020), во изданието „Transforming Cities Through Temporary Urbanism – A Comparative Overview“ објавено од Springer.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.