Тетовски Театар вечерва од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Европски сон“ по текст на Јетон Незирај, а во режија на Блерта Незирај. Главните улоги ги толкуваат Арлинд Селими, Бурхан Амити, Јетмир Арифи, Линда Шабани, Мерита Лимани Мустафа и Шкумбин Зеќири.

„Европскиот сон“ е трагично-комична приказна за пропаднат сон. Пери, ликот на оваа драма, предводен од надежта за подобар и посреќен живот, тргнува да ја бара иднината во „рајот“ наречен Европа. Она што му се случува на овој млад човек за време на емигрантското патување ги открива искуствата на многу очајни млади луѓе, кои секоја година, исполнети со надеж за поинаков живот надвор од границите, ја напуштаат својата татковина. Во нивната нова татковина, тие често се чувствуваат малтретирани од властите, изолирани и исклучени од општеството и носталгични за нивниот дом на предците. Така, неретко сонот за подобар живот станува вистински кошмар, изјави режисерката Блерта Незирај.

Претставата ќе се игра на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, а утре (23 јуни) исто така од 20 часот е репризата.

Режисерката Незирај студирала театарска режија на Универзитетот во Приштина (БА), а магистрирала на Универзитетот во „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.