Во улогата Трубадур ќе настапи тенорот Зоран Сотиров. На прес-конференцијата тој рече дека токму на овој фестивал, гледајќи претстава во 1984 година, донел одлука операта да биде негова професија, а на Мајски оперски вечери и дебитирал во 1999, во претставата „Боеми“.

Секој тенор кога ќе почне да се занимава со опера сонува за оваа улога. А дали ќе се оствари зависи дали има зрела конструкција на гласот, каква што бара оваа улога, но и дали ќе има прилика да настапи во таа опера, дали таа ќе биде поставена на сцената. Можеби ја добив подоцна оваа улога, но сум среќен и ќе дадам се од себе, рече Сотиров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.