„Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“ е тематско поетско читање на кое во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол ќе настапат повеќе поети во рамки на 2. Скопски поетски фестивал.

На поетското читање, кое ќе се одржи во Младинскиот културен центар, вечерва од 20 часот ќе настапат Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и победникот на „Отскочна даска“ од преднастанот за млади поети од 16 до 25-годишна возраст што се одржа вчера во рамки на фестивалот.

Второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ годинава се одржува од 29 август до 1 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања ќе учествуваат поети од земјава и странство.

Поетските вечери ќе бидат надополнети со музички перформанси, како и работилница за креативно пишување поезија за млади, ликовна изложба, а премиерно ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови изработени за фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.