Во сабота, 30 декември 2023 година, во Театарот за деца и младинци, со почеток од 13:00 часот, најмладата публика ќе има можност да ја проследи театарската претстава „Новогодишна бајка“.

Со нетрпение ја очекуваме Новата Година. Но зошто одеднаш стрелките на часовникот почнаа да се движат во спротивна насока? Го знаеме одговорот и секако дека можеме да ја поправиме грешката. Тајната ќе ви ја откриеме на нашата новогодишна претстава „Новогодишна бајка“.

 

Настанот и претставата се во продукција на Тинтири Минтири, а ќе гостува во салата на Театарот за деца и младинци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.