На 24 ноември, петок во 20:00 часот, публиката во Центар за Култура во Тетово ќе има можност да ја види оригиналната режисерска постановка на театарската претстава ,,Сега му е мајката” од Горан Стефановски. Двоецот Ѓорѓески – Серафимовски, овој пат брутално искрени со и денес актуелните општествени аномалии низ текстот на нашиот ,,Шекспир”.

,,Сега му е мајката” е претстава за искривени вредности, неморални дејанија, криминал од катаклизмични размери. Претстава која на површина ги вади луѓето за кои единствена ,,светост” се само пари и ништо друго.

 

Пресликана низ фантастичен и жесток хумор и сатира, тетовци ќе имаа интересна вечер, но ќе добијат и сериозен мотив за размислување. ,,Зошто седиме во нашата конфорна зона и не преземаме ништо”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.