Театарот „Сенки и облаци“ ја подготови „ЏИНче“, театарска претстава за деца со сенки, која ќе се игра на 17 јануари во 19 часот, во простоориите на Театарот во Дебар Маало.

Претставата е работена по мотиви од книгата „Најдобриот џин во градот“ од Џулија Доналдсон.

„ЏИНче“ – театарска претстава за деца со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет. Претстава за искреното другарство, кое сите предрасуди ги фрла во „сенка“. Ќе ве однесеме на една авантура низ градот на сладоледите, ќе пловиме со еден чуден капетан, ќе јадеме бурито во Мексико и ќе се дружиме со една откачена Лисица-Мисица, велат од Театарот „Сенки и облаци“.

Претсавата е наменета за деца над 4 години. За да присуствувате, потребно е да се направи резервација во инбокс на ФБ страна на Театарот Сенки и облаци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.