Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ вечерва, на 11 април (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ) гостува со хит претставата „Секс и глад“. Филиповиќ доаѓа во Скопје по пауза од шест години кога гостуваше со одличната монодрамата „Ќиро“ во МНТ која го наполни салонот до втора галерија. Гостувањето на Филиповиќ е во организација на продукциите „КМК“ и „Кикса“.
Филиповиќ во „Секс и глад“ го игра доктор Удо. Изведбата е мултимедијална и интерактивна, а во форма на колажно шоу нуди редослед на песна, танцување и неколку линии на урнебесна забава инспирирана од оваа вечно интригантна тема. Самиот текст е заснован на повеќе драмски, социолошки и антрополошки шаблони, а е составен од Филиповиќ и драматургот Нина Скоруп, а режијата е на Марио Ковач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.