Денес, со почеток во 12:00 часот во Куманово на сцената на Центар за култура „Трајко Прокопиев“, ќе биде изведен танцовиот перформанс, ќе се зборува на темата, и ќе се прикаже и филмот „Простор за разговор“.

„Простор за разговор“ е проект кој се базира на истражувања на темата за родова еднаквост и кој, преку уметнички активизам, лични искуства, вистински приказни на лица од различен род, возраст, различно јазично говорно подрачје и социјално опкружување, создава уметничка рефлексија во форма на современ танцов перформанс.

 

Танцовиот перформанс и филмот се создадени како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.

Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

 

ПРОСТОР ЗА РАЗГОВОР
Танцов перформанс
Кореографија и режија: Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Сценски дизајн: Матеа Мијановиќ
Настапуваат: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, Стефани Шааршмит, Викторија Коцева

Простор за разговор – филм
Кореографија: Рисима Рисимкин
Режија: Диме Ратајковски и Рисима Рисимкин
Сценарио: Диме Ратајковски и Рисима Рисимкин
Музика: Тони Китановски
Костими: Благој Мицевски
Сценски дизајн: Матеа Мијановиќ
Камера; Цветко Стојановски
Монтажа: Ирена Белул

 

Настапуваат: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска, Бобан Русески, Викторија Коцева, Стефани Шаршмит, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска, Стефанија Милевска Враниќ.

Продукција Интерарт културен центар.

Говорници во Просторот за разговор:
Лидија Илијевска – Претседателка на ХЗ Мајка
Рисима Рисимкин – уметник и универзитетски професор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.