Вечерва во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се изведат три кореографии на автори од Италија, Романија и Словачка.

Првата кореографија под наслов „Дали е реално?“ е во кореографија на Гилда Федерика Цесарио, од Италија, видео материјалите се на Андреа Базиле, а настапуваат: Мартина Тондо, Росела Донато, Данило Скалинчи, Антонио Панарити и Дениз Камаса.

Следната короеграфија „OPUS I-IV„ во продукција на УНАГЕ од Романија е во режија и кореографија на Сандра Мавхима, дизајн на светло на Емилијан Андреи , на музика на Богдан Маринески, костими на Анастасија Банаја и Александру Флореа, а настапуваат танчерите Хуан Круз Луке, Алина Постолаче, Бјанка Секриеру, Илинка Агафитеи,
Ана Ван Харен.

„OPUS I-IV“ е инспириран од кратките апстрактни анимирани филмови создадена од сликарот и режисер Волтер Ратман (1887 1941), како кореографија на потсвесното искуство, поврзано со неговиот реален живот. „ОПУС I“, првото дело што го создал како филмаџија, кратко по неговото оправување од посттрауматски стрес, е аналогија на неговото учество како артилериски поручник во Првата светска војна. Следните делови ОПУС II, III и IV се создадени во годините што следуваат по неговото закрепнување, и тие исто како и првото, се поврзани со неговата биографија и четирите жени на неговиот животот. Претставата „OPUS I-IV“ е создадена по практично истражување на кореографски јазик во експерименталните филмови создадени на почетокот на XX век, симболични за историјата на апстрактна уметност.

Трета кореографија „Lud:Us“ е со концепт и кореографија на Јакуб Черулик, гостин од Словачка, а тој е и изведувач на кореографијата. Драматургијата е на Александра Пазгу и Јурај Корец, а дизајнот на светлото е на Мартин Пушкар.

„Lud:Us е онтолошко уметничко дело, каде основните елементи, методите, тактиките, стратегиите итн. на современиот танц (заснована на анализата на движењето на Лабан) и танцовата изведба се поделени на карти за игра, кои му даваат на играчот опции или прашања што го водат до инструкции изведувачот за тоа што треба да прави и како треба да го направи тоа,“ вели кореографот Черулик.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.