Вечерва со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот Дом во Битола, ќе може да го проследите настапот на музичкиот состав “AGOGIC” во склоп на нивната концертна трнеја со наслов „Танго Приказна“.

На ова магично музичко патување, ќе бидете запознаени со извонредниот музички состав “AGOGIC”, чии звуци истовремено ќе ве разнежнат и ги задоволат Вашите сетила.

 

Составот “AGOGIC” повеќе од 14 години го обогатува музичкиот свет со своето уметничко изведување кое ќе го почувствувате во секоја нота.

Додека ја слушате нивната изведба, Ве покануваме да уживате во сценскиот настап на Владанка и Онур Мок од “Centеr 213”, кои повеќе од 10 години се занимаваат со Аргентинско Социјално Танго.

 

Билети може да се набават онлајн преку МК Тикетс: https://mktickets.mk/event/tangoprikazna2/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.