СВП ја продолжува традицијата на претставување на преведеното издание на минатогодишниот добитник на најголемата македонска поетска награда „Браќа Миладиновци“, „Дни, години“ од Димитар Башевски, издание на Слово.
Во 1987 година Димитар Башевски ја објави својата прва книга песни „Куќата на животот“. Тој веќе беше познат како автор на пет романи, а по своето поетско деби објави уште шест други, како и една книга раскази. За некои од овие дела тој ги доби највисоки национални признанија. Така се беше вкоренил впечатокот дека Димитар Башевски е еден од маркантните македонски прозаисти.
Сепак, во изминатите триесет и пет години тој објави седум самостојни книги поезија, вклучувајќи го и најновиот наслов „Дни, години“, издаден во 2023 година, за кој ја доби највисоката македонска награда „Браќа Миладиновци“, која ја доделува Фестивалот „Струшки вечери на поезија“.
„Дни, години“ е, веројатно, најзрелата поетска книга на Димитар Башевски. Сé што било препознатлив белег во неговите претходни книги овде го наоѓа својот најчист облик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.