Светскиот ден на танцот ден посветен на славење на различноста и убавината на танцот ширум светот.

За таа цел, на 29.04.2023 (сабота), во 14 часот, во Ист Гејт, со  танц перформанс  од над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија, ќе се одбележи и поддржи богатата историја и културното значење на танцот како уметничка форма која е дел од човековото изразување илјадници години.

Настанот е воедно и најава за ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХИПХОП И БРЕЈКДЕНС (СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ), како и ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТАНЦ ФЕСТИВАЛ DANCE OFF 2023 (ИСТ ГЕЈТ МОЛ). И на двата настани, Скопје ќе биде домаќин на танчери од преку 20 земји од Европа.

Во програмата во сабота, покрај танц перформансќе има и диџеј – DJ NASTY, како и работилници по танц со повеќе кореографи од Македонија, а настанот ќе го модерира Димитар Атанасовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.