Светскиот ден на поезијата денеска ќе биде одбележан со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе, со почеток во 12 часот. Организатори на настанот се Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот славјански универзитет.

„На манифестацијата „Билазорски видувања 2023“ ќе настапат поети – членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови. А, со свои поздравни обраќања ќе земат учество: Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе и Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот славјански универзитет“, информираат организаторите.

Тие планираат манифестацијата „Билазорски видувања“ во иднина да биде традиционална и секоја година да се распишува Конкурс за најдобра песна од ученици во основните и средните училишта во земјата на тема „Билазора“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.