Вечерва во 21 часот во Домот на културата во Тетово ќе почне 16. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“, со претставата „Свадбата“ од Чехов на Театарот „Александар Моисиу“ од Драч, Албанија.

Фестивалот ќе се одржи на неколку локации во Скопје и во Тетово.

Утре во Албанскиот театар за деца и млади во Скопје ќе се игра „Тесла – Прилагодување на ангелите“, во изведба на Театар Кабина од Загреб.

На репертоарот ќе бидат и „Лавина“ на Регионалниот театар „Нови Пазар“ и „Пулс театар“ од Белград, Србија,„Осамени ликови“ на Театарската работилница „Сфумато“ од Софија, „Бајкa“ на Театар „Магнолија“ од Торино, Италија и „Андора“ на Градскиот театар „Беким Фехмиу“ од Призрен, Косово.

Жирито го сочинуваат Сенем Џевхер од Турција, Милена Селими од Албанија и Теа Беговска од Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.