Со мултимедијален студентски настан преку поезија, музика и ликовна изложба, Факултетското студентско собрание на Филолошкиот факултет го одбележа патрониот празник – роденденот на Блаже Конески.
Студенти од Филолошкиот, Факултетот за музичка уметност како и Факултетот за ликовна уметност на 19 декември ја исполнија аулата на Филолошкиот факултет. Тие читаа авторски и песни од Конески, свиреа нумери и претставија скулптури и слики кои ги работеле во текот на семестарот.
Одбележувањето на патрониот празник продолжи и следниот ден – 20 декември кога управата на Факултетот организираше настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на поетот Ацо Шопов. По тој повод студенти од различни катедри читаа преводи на циклусот „Молитва на моето тело“ од Шопов на повеќе јазици меѓу кои и португалски, англиски, албански, корејски, руски, полски и чешки.
извор/ фото: радиомоф.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.