Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ја отвори изложбата на импресивните студентски трудови на тема „Архитектонско и урбанистичко решение на нов студентски кампус“ во Културно социјалниот простор – „Центар Јадро“.
– Водејќи се од потребата за нови студентски домови, студентски визии, потреби и перцепции студентите во 9-от семестар се одлучија за изработка на студентски кампус источно од зградата на Македонската Радио Телевизија.
При изработката добија и директна помош од архитектите вработени во општината која е плод на долгогодишната соработка меѓу општината и Архитектонскиот факултет, информира Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.