По 14 години откако беше прогласена за привремено заштитено добро по закон и 6 години откако го доби статусот културно наследство од особено значење, куќата на ликовниот уметник Лазар Личеноски сместена на кејот на Вардар, под Скопското кале, со препознатливиот мозаик „Апотеоза на трудот“, сеуште не е комплетно обновена, но е отворена за јавноста.

Настанот го организираше Европската куќа-Скопје по повод нејзиниот трет роденден, и по тој повод во објектот е поставена изложба на дела од студентите на ФЛУ. Изложбата на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје која беше отворена вчера во Куќата-музеј на Личеновски ја покажа негрижата на државата за културното наследство.

Имено, со вчерашниот настан ЕУ хаус-Скопје ја почна прославата на својот трет роденден и по тој повод ги повика младите уметници да творат на тема Личеновски. Крвавите солзи на портретот на уметникот предизвикаа најголемо внимание, откако во јавност излегоа фотографиите од запуштената и пропадната куќа на Личеноски која се наоѓа во строгиот центар на градот на кејот на Вардар.

Делата се инспирани од просторот, од неговата личност, меѓутоа исто така и од чувството кое што го стекнаа нашите студенти кога за прв пат пред две и пол недели влегоа во куќата. Нивните коментари и искази се непроценливи, треба да се негуваат, мислам дека нашите млади луѓе сакаат да бидат слушнати и забележани, рече Славица Јанашлиева, професор во Училиштето за применета уметност, сега Државно средно училиште за ликовна уметност и дизајн, кое го носи неговото име, создава нови генерации на македонски сликари.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.