Во четврток, на 25 април 2024 година, со почеток во 15:00 часот во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, ќе се одржи јавен настан насловен „Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот) кој ќе го водат студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје кои го следат курсот по Антисемитизам, Холокауст и човекови права. Настанот е фокусиран на 4 клучни теми: Животот во гетата, Духовниот отпор во гетата (архивата на Ојнег Шабес), Востанието во Варшавското гето и искуствата на Холокаустот низ призма на уметноста.
Преземајќи го гласот на жртвите и поддржувајќи се меѓусебно во раскажувањето на приказните на жртвите на својата публика, студентите целат кон ширење на разбирањето на историјата на Холокаустот од длабоко лична перпсектива на пошироката академска заедница.
Студентите се подготвуваа под менторство на проф. Елена Михајлова Стратилати.
Организатор на настанот е Универзитетска програма за изучување на холокаустот со помош од Конференцијата за еврејските материјални побарувања од Германија. Поддржано од Фондацијата „Сеќавање, одговорност и иднина“ и германското Сојузно Министерство за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.