Вечерва во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје, ќе настапи една од најважните и најстарите светски современи танцови компании, култната „Марта Греам“ танцова компанија од Њујорк, САД, која постои веќе 96 години.
Пред програмата на Греам компанијата, ќе биде изведен дел на оригинална кореографија на Греам, насловена „Панорама“ која во Скопје зеднички ја совладаа млади танчери од Скопје и Софија, Бугарија. Триесетина млади танчери од Катедрата за танц при универзитетот „Гоце Делчев“ под раководство на проф д-р Рисима Рисимкин, Националната школа за уметност од Софија, под раководство на проф. Галина Сребрева и ДМБУЦ – Балетски оддел, под раководство на проф. Слаѓана Спасеновска, ќе настапат со дел од оргиналната кореографија на Греам. Тие короеграфијата ја подготвија со вишиот уметнички соработник на компанијата, Дениз Вејл, чии аситенти во подготвките беа Анастасија Данчевска и Дејан Битровски, танчери на Скопје танцовиот театар и асистенти на УГД. Веднаш потоа ќе биде доделена овогодинешната Награда МЕНАДА за исклучителни достигнувања во областа на таноцт, која е доделена на Марта Греам компанијата и која на сцената на МНТ ќе ја прими актуелената умeтничка директорка на Греам компанијата Џенет Ајлбер.
Списанието „Тајм“ ја прогласи Марта Греам за „Танчерка на векот“, а магазинот „People“ ја вброи меѓу женските „Икони на векот“. Марта Греам е препознаена како примарна уметничка сила на 20 век, заедно со Пикасо, Џејмс Џојс, Стравински и Френк Лојд Рајт.
Марта Греам е прогласена за Икона нa танцот на 20 век, а поранешниот претстедател на САД Џералд Р. Форд ја прогласува за Културно наследство на САД. Греам е добитник на огромен број признанија и претстедателски медали. Во 1976 година, претседателот Џералд Р. Форд и го додели на Марта Греам највисокото цивилно признание на Соединетите Држави „Претседателскиот медал на слободата“, и ја прогласи за „национално богатство“, со што стана првата танчерка и кореограф што ја добива оваа чест. Друга претседателска чест ѝ беше доделена на Марта Греам во 1985 година кога претседателот Роналд Реган ја назначи меѓу првите добитници на „Националниот медал за уметност на Соединетите држави“.
Гостувањето на компанијата во рамки на Танц фест Скопје 2022, како и проектот „Панорама“ се поддржани од Американската амбасада во Скопје, и претставуваате исклучителна прилика за нашата публика, преку настапаот на компанијата во Њујорк и промоција и соработка на млади танчери од земјава и од соседна Бугарија. Со ова гостување и промоцијата која самата компанија ја прави на светско ниво, Танц фест Скопје повторно ја става земјава на светската мапа на уметничките дострели. Во програмата ќе бидат дела на Греам од 1937, 1947, 1952 и 1981 година, кои се дел од американското културно наследство. Публиката ќе има можност да види микс на кореографски одблесоци на Греам и новото дело „Песна за невините музичари“ на актуелната уметничка директорка на компанијата Џенет Ајлбер, кои го одбележуваат создавањето на современиот танц и неговото опстојување, како уметност на 20 и 21 век, која секаде во светот исклучително се цени и почитува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.