Театарскиот репертоар во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид започнува со претстава “Сопружници” – Вуди Ален во режија на Драгана Таневска.

Претставата е закажана за во петок, 04.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, во мала сала.

„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката Драгана Таневска.

Во претставата играат Гејб – Ивица Цонев, Џуди – Елизабета Стефановска, Џек – Никола Тодороски, Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл – Филип Кипровски.

Картите по цена од 200 денари може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Претставата ќе се одигра согласно почитување на здравствените протоколи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.