Првата самостојна изложба на Филип Мартиновски – „Соништа“ ќе се отвори на 10 мај во 20 часот и ќе биде изложена до 25 мај во галеријата на Младински културен центар (МКЦ).
Филип Мартиновски (Скопје, 2003) е студент во прва година на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на класата Ликовна педагогија. Средношколското образование го завршил во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски” во Скопје, на Одделот за сликарски дизајн. Матурирал со проектн задача на тема „Соништа”, а најголемиот дел од делата на оваа изложба се сочинети во завршната година од средношколското образование.
Со свое дело дебитантски учествувал на колективната изложба посветена на односот „сликарство-поезија” во рамките на првото издание на Скопскиот поетски фестивал во 2021 година, како и на хуманитарна изложба во 2023 година, а и двете први претставувања во јавноста на овој млад ликовен автор се во Младинскиот културен центар, каде што деновиве се поставува и неговата прва самостојна изложба, која ќе се отвори на 10 мај во 20 часот во Галеријата МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.