Со свитата Македониум, музика на Давор Јордановски во изведба на ансамблот Ин медиас рес при Полифонија уметнички центар, денеска се отвора 25-то издание на Есенски музички свечености.
Проектот Македониум е промоција на македонската уметничка музика пред нови генерации и нова публика. Во својата 20-годишна работа уметничкиот центар Полифонија презема активна улога во реализацијата на проекти од повеќе стилови кои привлекуваат различни типови публика (едукативни, експериментални, џез и премиери на класична и барокна музика), залагајќи се за новина и разновидност кои ја продлабочуваат уметноста, при што и наследството и искуството на многубројните уметници презентирани преку проектите на Полифонија низ годините
Концертното претставување на овој проект е уникатен спој на врвни македонски изведувачи и музика напишана во класичен стил каде се комбинираат културни музички влијанија од повеќе делови на светот преку познати македонски мелодии. ‘Македоникум’ е свита на композиторот Давор Јордановски која ја започнал уште во далечната 2002 година. Ја сочинуваат 12 пиеси за мешан ансамбл (виолина, флејта, кларинет, фагот и пијано) врз основа на легендарни македонски мелодии како Кољо, Милица, Анѓа, Чалгии и др. Спротивставените виртуозни делници на инструменти во изведба на етаблирани музичари со различна генерациска и образована позадина, успеваат сосема да ја обземат публиката со што значително се зголемува и интересот кон Македонската музика, вели Ристо Ѓоревски, член на ансамблот.
Концертот ќе биде во изведба на следните уметници: Сања Шуплевска – виолина, Марија Јакимовска – флејта, Ристо Ѓоревски – кларинет, Орце Ицковски – фагот, Давор Јордановски – пијано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.