Со измените на Законот за игри на среќа што поминаа во прво читање во Собранието ќе овозможиме стипендирање на дефицитарни кадри и фонд за заштита на културното наследство бидејќи како држава располагаме со огромно културно наследство и за тоа се потребни кадар и финансии. Финансирање во дефицитарни кадри, пред се за Филозофскиот факултет, поточно насоките историја на уметност, археологија и етнологија, одредени наставни групи на ликовната академија и еден дел од студентите од архитектура, бидејќи во најголем дел има недостаток на архитекти, археолози истражувачи особено во областа заштита на културното наследство. Тоа е еден вид наменска сметка на Министерството за култура, сите национални установи од областа заштита таму ќе аплицираат, бидејќи сега буџетот преку Министерството за култура е многу мал и остануваат недоволни средства за програма со што сакаме да го насочиме интересот на студентите за избор на образование неопходно за работа во институциите од областа на културата-изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешното потпишување на Меморандумот за соработка со Студентското собрание на Универзитетот „Свети Климент Охридски” во Битола.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска додаде дека доколку има дефицитарни кадри на одредени наставни групи и на Битолскиот универзитет ќе се пристапи кон нивно вклучување кон измените на овој закон, како што се случи со стипендирањето на студенти по македонски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.