Со изложбата „Помеѓу надеж и страв“ (Inter spem et metum/Between hope and fear) на уметницата Славица Јанешлиева, денеска во во Скуола деи Ланери, католичката школа од 16 век во Венеција, официјално ќе биде отворен македонскиот павилјон на 60. Венециско биенале. Годинашното биенале го курира Адриано Педроса, а генералната тема е „Странци насекаде.“

Носител на проектот е Националната галерија, комесар е Дита Старова-Ќерими, а куратор е Ана Франговска.

„Mожеме ли зборот ‘убавина’ да го замениме или израмниме со зборовите почит, слобода, љубов, толеранција, прифаќање? Можеме ли да прифатиме некого поради сето она што тој/таа/тоа е и затоа што го познаваме суштински“, соопштија од Националната галерија.

Сепак, потенцираат, да се биде различен носи потенцијал и за трансформација. Исто како и во природната селекција, мутацијата ја зголемува веројатноста дека ќе се случи или неуспех во адаптацијата или дека се појавила нова варијанта која е посупериорна од она што било претходно. Или некој би можел да ја објасни трансформативната моќ на различното како што произлегува од психолошката болка и страдање кои се различни причини од кои може да се црпи инспирација и мотивација за издигнување над осудата и острацизмот што различноста од другите ги предизвикува.

Проектот е поддржан од Министерство за културa.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.