На 13 декември (среда) во 12 часот, со изложба на слики од Павле Кузманоски во центарот на Скопје (спроти катната гаража Беко), Матица македонска ќе отвори ново културно катче за љубителите на уметноста. Почитувачите и следбениците на делото на познатиот уметник десет дена ќе имаат можност да уживаат во триесет негови антологиски пејзажи, создадени во последните три години. Изложбата ќе ја отвори раководителот на галеријата, Антонио Павловски.

Како што информираат од Матица македонска, галерискиот простор ќе биде збогатен со монографии за нашето културно и историско наследство, како и со монографски изданија за познати македонски сликари од сите генерации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.